Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од генералниот секретар Игор Јанушев, оствари средба со Роберт Бенџамин, директор на Националниот демократски институт (НДИ) за Европа и претставниците на НДИ за Македонија, директорот Крис Хеншоу и неговиот заменик Роберт Скот Хејзлет.
-На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, но и за стратешките цели на Република Македонија како влезот во ЕУ и НАТО.Мицкоски и Бенџамин ја поздравија досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и НДИ и беше заклучено дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување. Претседателот Мицкоски го информираше директорот на НДИ за Европа, Бенџамин за немањето демократски капацитет и злоупотребата на институциите од страна на власта. Тој исто така се осврна на немањето капацитет на власта да ги спроведе реформите и да се справи со корупцијата што беше потврдено и на состанокот на министрите на земјите членки на ЕУ поради што земјава не доби покана за членство во унијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски изразил загриженост за лошата економска ситуација во која се наоѓа државата што, според него, резултира со се поголемо осиромашување на граѓаните на Република Македонија.
Претседателот Мицкоски посочи дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, кое треба да биде резултат на спроведени реформи и владеење на правото, а не на штетни договори кои наидуваат на осуда во јавноста.