Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред изборите во 2020 година ветуваше дека ќе ја покачи просечната плата на 32 илјади денари и се смееше на ветувањето на СДСМ дека просечната плата ќе биде 34 илјади денари.
„Тука пред вас ви велам дека овие 4 години мандат можеби ќе биде најдобриот мандат, затоа што точно знам како до најмалку 25 проценти повисока просечна плата во еден мандат. Само за илустрација нашиот политички противник во 2016 ветуваше живот па 30.000 денари просечна плата и што ли уште не. Ќе го видите Заев како ја става раката на срцето и ќе ви вети 34.000 денари, а заборавил претходно што ветувал. Него му требаа 3 години за да ја зголеми платата за 3.000 денари, а сега за четири години мандат ќе ја зголемеле за 9.000 денари. Ете тоа ќе биде новото ветување на Заев“, тврдеше Мицкоски во 2020 година.
За среќа на граѓаните овие најави на Мицкоски не се исполнија па просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година изнесува 39.998 денари, според Државниот завод за статистика.
Слични беа и ветувањата и прогнозите на Мицкоски и за минималната плата.
Според тогашните изјави на Мицкоски, изводливо било покачување на минималната плата на 18 илјади денари до крајот на мандатот, односно 2024 година. Но, во реалноста, Владата на СДСМ, успеа да ја покачи минималната плата на 22.500 денари од март оваа година.