797
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма дека министерот за здравство, Венко Филипче со последните одлуки може да го добие епитетот џелатот, наместо досегашниот – витезот.
-Лицемерно е да се бара продолжување на вондредната состојба, а да се вели дека има услови за избори. Затоа велам дека барањето на Филипче за продолжување на вонредната состојба има политичка позадина. Само се плашам дека Филипче од епитетот витезот, ќе го добиел епитетот џелатот. Зашто денеска коментарите не се баш такви какви што беа еден месец. Би го советувал да се држи до епитетот витезот, вели Мицкоски.