На последната лидерска средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги повлекол барањата за промена на одредби од Кривичниот закон, со кои би се постигнала идиректна амнестија за обвинети поранешни функционери на партијата, изјави денеска премиерот, Зоран Заев.
Заев вели дека за промена на членовите 353 и за 165-а од Кривичниот законик не сакал да разговараат и нема да разговараат се додека тие промени допираат во кој било случај на Специјалното јавно обвинителство.
Заев посочи дека ако промена на еден член од Кривичниот законик целосно или делумно урнисува предмет на СЈО тогаш тоа е директна или индиректна амнестија.
– Тоа право го нема ниту Мицковски, ниту Заев, затоа што владеење на право мора да има. Ако некој помисли вакво нешто првин граѓаните ќе се откажат од нас, а земјите членки во процесот на интеграција ќе не блокираат, укажа премиерот.
Апсолутно, доплни Заев, преговори од овој аспект немаше.