Мицкоски се мајтапи со народот – задоволен бил од 0.1% намалени цени, вели СДСМ

by Fokus

Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција“, вели СДСМ и додава:

Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1%.

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, ова големо задоволство кај Мицкоски од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.

Очигледно Мицкоски не оди во маркет. Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар.

Поврзани новости