Мицкоски: СДСМ знаат дека ќе изгубат и затоа се исплашени

by fokus

Во денешната изјава во Гостивар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека СДСМ знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и се исплашени затоа што тоа ќе значи создавање на услови за ново владино мнозинство и затоа сега бараат милион изговори за да ги одложат изборите.

Мицкоски појасни дека сега треба да се делува инвазивно и со нови мотивирани луѓе да се победи СДСМ за да чесните и вредните кандидати работат за граѓаните и државата.

-Одложување на изборите подразбира одложување на проблемите, единствен начин да се стави крај на сите проблеми на оваа неспособност и ова политичко мочуриште кое е реалност во Македонија е катастрофата кој ана следните локални избори ќе се случи на СДСМ-ДУИ, тие се исплашени знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и со тоа ќе се создадат услови за ново владино мнозинство и сега бараат милиони изговори за да се одложат изборите. Затоа треба да се делува инванзивно. Тоа е огромна победа со здружената опозиција на локалните избори, ново владино мнозинство, потоа луѓе кои знаат како кои се мотивирани, кои што ќе ги засукаат ракавите и чесно ќе работат за граѓаните и државата, кажа Мицкоски.

Поврзани новости