496
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денешнат трибина во Охрид порача дека на власта и дошол крајот. Како што рече тој, СДСМ е развластен, а ДУИ ќе оди во опозиција.
-И сите еден по еден, едно цело купче се собраа во клопчето од стратегијата која ја имав и каде успешно загризаа на темите, и еве денес сите збориме за тоа кога ДУИ ќе биде опозиција, а власта на СДСМ да биде детронизирана – рече Мицкоски.
Тој додаде дека Димитар Ковачевски за брзо ќе си оди од премиерската фотеља.
-Дури денес свикува некои органи и тела во партијата да ги разгледа идеите на лидерската средба кои веќе еднаш ги одби. Но народот вели подобро некогаш да се сети, отколку никогаш – потенцираше Мицкоски.