791
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека луѓе кои се претставувале во име на СДСМ им нуделе привилегии, пари и амнестии на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да преминат во нивната коалиција. Мицкоски рече дека таквите понуди биле одбиени.
-Се згрозувам на тоа како на наши пратеници им приоѓаат луѓе кои се преставуваат во име на СДСМ, им нудат привилегии, пари, амнестии… Брутално згрозување. Тоа е иднината која ни ја нуди СДСМ. Лично ви кажувам дека неколкумина пратеници веќе имаат искуство и на кои им го нудат ова, и на крај им нудат и средба со раководството на СДСМ. Се разбира, тие обиди се брутално одбиени, рече Мицкоски.