Мицкоски: СДСМ и ДУИ почнаа очи да си вадат по улици

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во Илинден ги прозва ДУИ и СДСМ дека се договориле да нема одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово, каде изгореа 14 луѓе.

-Толку се нервозни што почнаа меѓу себе да се тепаат по улици, очи да си вадат. Кога ДУИ и СДСМ ќе се договорат за 14 изгорени луѓе од Тетово, сложно викаат дека крив е кабелот, кога не може да се договорат за бизниси делат тупаници среде Скопје – рече Мицкоски.

Од вашата одлука, додаде тој, зависи дали власта ќе добие нови 4 години, иако, според него, досега не исполнија ништо од ветеното.

-Овие избори се моментот кога е време да им кажете доста е! Доста се експериментите во здравството, образованието, локалната самоуправа, економијата. Доста се разочарувања и упропастени шанси. Доста е од чекање во чекалницата пред ЕУ! Доста е од нивните празни фрази и флоскули – порача Мицкоски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен концепт, кој подразбира промена на системот на вредности, проекти за развој и подобрување на инфраструктурата.

Поврзани новости