Мицкоски: СДСМ го политизира законот за легализација на дивоградби

by fokus

СДСМ го политизира законот за легализација на дивоградби и повторно бараат виновник таму каде што не е виновникот. Нека се погледнат самите и ќе го добијат одговорот, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој ќе биде неговиот став и на ВМРО ДПМНЕ за законот и за амандманот во којшто јавноста и експертите сметаат дека има скриена амнестија за политичарите, кои граделе на диво.

-Ако има скриена амнестија, таа многу порано ја даде еден претседател на државата за денешниот за жал премиер во Владата, кој е единствен аболициран политичар и човек, којшто со активен судски предмет влезе во неговиот мандат во 2017 година. Тоа е јавна амнестија, тука нема скриена амнестија, вели Мицкоски.

Според него, ВМРО ДПМНЕ на следниве парламентарни избори жестоко ќе го порази СДСМ секаде во Македонија.

– Очекувам ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори жестоко да го порази СДСМ, не само тука во Штип, туку и секаде во Македонија. Затоа што не само гласот за градоначалникот во определена општина, туку тоа е глас за Зоран Заев, а мислењето за Зоран Заев е крајно негативно, вели Мицкоски.

Прашан дали ВМРО ДПМНЕ стои на ставот за вонредни Парламентарни избори заедно со Локалните избори, Мицкоски со одговор дека час поскоро треба да се промени власта, без разлика дали со ново парламентарно мнозинство или Предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости