Мицкоски: Само два збора се модифицирани во новиот предлог

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва побара од Владата веднаш да го објави модифицираниот француски предлог, кој според, нивните информации, имал само семантички промени, а сите бугарски барања биле дел и од овој нов предлог.

-Ако е толку добар овој предлог, тогаш Владата веднаш да го објави на нејзината веб-страница. Зошто го кријат? ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш, по ниту една цена, да прифати решение штетно за македонскиот народ и иднината. Можеме да споделиме дека врз основа на нашите информации се два модифицирани збора различни од претходниот предлог. Ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Нема никакви корекции. Бугарските барања се дел од овој модифициран предлог. Ова е дебакл, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости