За да ги спроведеме реформите ни требаат пратеници, колку повеќе пратеници, мнозинство јас би сакал, толку полесно ќе ги спроведеме тие реформи, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со земјоделците од Велес на која им порача дека потребна им е поддршка од нив за да се реализираат реформите и проектите.
-Цениме дека предолго време тапкаме или уназадуваме. И предолго време се зборува невистина и предолго време луѓето се манипулирани, за да функционираат институциите потребни се реформи, имаме план. Но, за да ги спроведеме тие реформи ни требаат пратеници, колку повеќе пратеници, мнозинство јас би сакал, толку полесно ќе ги спроведеме тие реформи, вели Мицкоски.
Мицкоски вети и поголема поддршка од централната влада кон општините во износ од 250 милиони евра за инфраструктурни проекти кои што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.
-Проектите веќе ги детерминиравме, ги определивме. И како идна влада ВМРО-ДПМНЕ има намера да се посвети во работата и во испораката кон општините, од владата кон општините. Се разбира тука се политиките пред се за земјоделците, рече тој.