Мицкоски: Решението е зад параванот, да создадеме нова иднина

by fokus

Во вас е силата. Од вас зависи дали ќе создадеме нова иднина, заедничка, подобра иднина, или ќе останеме потонати во апатијата и безнадежноста. Ги повикуваме сите. Сите гласачи кои сакаат нешто да се промени, и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определиле првично за нас и оние кои се разочарани од политиката, ајде да се обединиме, повика претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешното обраќање во Охрид, по повод 23. Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.

-Сетете се добро како ви велев дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Но овој пат е доброто е што е прочитан, и има решение. Решението е зад параванот. Вие таму сте главни, вие и вашата волја, вие и вашите соништа, вие и нашата заедничка иднина, рече тој.

Во дел од говорот, Мицкоски се осврна и на спорот со Бугарија и ја обвини Владата за пазарење, ветувајќи дека има решение.

-Потребно е да се издигнеме над облаците на измамите и пазарењата кои ни ги носи Владата со нашите соседи. И во тој контекст немаме право да се лутиме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, она што навистина боли е што нашата Македонија ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската Влада, истакна Мицкоски.

Ја обвини Владата за притисоции врз членови на историската комисија, кои како што рече, водат кон кавга и лоши односи, а ветувањата на премиерот кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе.

-Во тој контекст ќе го потсетам на резолуцијата на ВМРО која ова лето и тој ја прифати во македонското собрание. Таквите црвени линии го обврзуваат и неговото однесување кон овој спор кој пред 5 години воопшто не постоеше. Треба да знае дека од наша страна како ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе најде поткрепа на тоа што преставуваат наши позиции за заштита на државните и национални интереси, но исто така е поважно да се заменат измамите со единство на кое повикувам, при што воедно треба да се приклучи и претседателот на државата кој не е доволно да стои настрана и да се исклучува од овие проблеми, рече Мицкоски.

Поврзани новости