668
Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа, вели дека реалноста во однос на името нема да ја игнорираат.
Притоа тој додаде дека неговата партија ќе се бори за Македонците и за се што е поврзано со придавката македонски.
„Ние ја користиме вокативната форма од името Македонија, тоа е Македонијо, зошто сакаме да покажеме еден вид на гордост, затоа што нашиот став е поврзан со нашата македонштина, со тоа што сме ние Македонци, коишто се од Македонија е познат и многу пати артикулиран во јавноста и сме го кажале во стотици интервјуа и тука навистина нема што да додадам и што да одземам“, додава Мицкоски во интервјуто.