Мицкоски разговораше со британскиот државен секретар за надворешни работи Дејвид Лами

by Fokus

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами, британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, соопштија од Владата.

Соговорниците размениле мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.

„Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните. Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена. Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи“ информираат од владината прес-служба.

Поврзани новости