Премиерот Мицковски изјави дека разговарал со европскиот експерт за правосудство Бранко Хoрватин, кој и му предложил повеќе идеи за реформи во домашното правосудство.
,,Веќе остварив средба со европски експерт во мојот кабинет за време на викендот, тој е Бранко Хoрватин кој работи на проект финансиран од страна на ЕУ во Црна Гора. Добив квалитетни идеи во делот на реформите во правосудството, и во текот на следната недела очекувам веќе да имаме оперативна средба со министерот и со луѓето кои се веќе дел од оваа работа и да почнеме веќе да работиме. Најпрво да почнеме од Судскиот совет, па после од Советот на јавни обвинители, се до оној момент додека не го ослободиме Судството и Обвинителството октроирани од партиските стеги на ДУИ и на СДСМ, изјави Мицкоски.
Врховниот судија од Хрватска Хорватин ја предводеше Мисијата на ЕУ, која лани го оценуваше работењето на Судскиот совет и му даде 17 препораки за исполнување со цел јакнење на независноста и кредибилитетот на судството.