Европската унија со чело со Зоран Заев станува се подалечна, а односите со Бугарија никогаш претходно не биле полоши како сега, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Македонски Брод. Тој притоа раскакажа, како што рече, шега што се кажувала меѓу луѓето.
-Се возеле во авион Меркел, Макрон, Борисов, Јанша и Заев, кога наеднаш пилотот вели авионот се расипа, мора да го напуштиме истиот. Арно ама во авионот има само 4 падобрани. Го зема падобранот Макрон, и вели морам да ја спасам Франција, не смеам да завршам вака, после него истото и Борисов го зема падобранот вели тој морам да ја спасувам Бугарија, не смеам вака да завршам рипа и тој. Доаѓа редот на Зоран Заев зема и тој и вика јас морам да ја спасам мојата држава, не вели Македонија бидејќи тоа му е забрането и остануваат уште Меркел и Јанша. Меркел му вика на Јанша, види јас сум во години, еве ќе се жртвувам и за Германија и Словенија, земај го ти последниот падобран и спасувај се. Јанша и вели има два падобрани, бидејќи Заев рипна со својот ранец – рече Мицкоски.