Мицкоски: Продолжува блокадата, протестот со порака Владата да замине

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека и натаму продолжуваат да го блокираат работењето на Собранието бидејќи, како што истакна премиерот Димитар Ковачевски одбива да договорат датум за предвремени парламентарни избори.

Тој исто така рече и дека продолжуваат со организирање на протестот кој е закажан за 18 јуни со кој рече дека ќе се прати порака дека е време оваа Влада да замине.

-Ќе продолжиме сето тоа да го блокираме бидејќи огромно мнозинство од граѓаните во Република Македонија мислат дека оваа Влада треба да замине и дека Македонија се движи во погрешна насока, како број еден и како број два Ковачевски и оваа Влада упорно бегаат да седнеме на маса да преговараме за датум за предвремени парламентарни избори, но и за сите актуелни прашања кои што народот ги живее секојдневно а тоа се економската криза, финансиската криза, проблемите во образованието, во здравството и така натаму, вели Мицкоски.

Поврзани новости