381
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е подготвен во кое било време да разговара за националните и државни интереси на Македонија, велат од опозицската ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во која тој пред медиумите кажа дека ќе го покани опозицискиот лидер на средба.
Ковачевски ќе го покани Мицкоски на средба за уставните измени
„Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која, меѓу другото, треба да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди“, соопштија од опозициската партија.