Мицкоски: Премиер не се станува од канцеларија, 60 пратеници се реалност

by Фокус

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на граѓанска трибина во Охрид порача дека 60 пратеници се реалност кои партијата ќе ја оствари на изборите.

-Можеа да направат подобар договор, наместо да возат мотори, можеа да имаат докторите 100 илјади просечна плата, можеа младите да имаат реновирани студентски домови и студентски градови, но што направија, направија Македонија да биде заложник на оваа брутална светска пандемија, којашто го зафати светот- ковид-19. Ни ветуваа европско здравство, а денеска сме рекордери по новозаразени лица и лица кои го губат животот – рече Мицкоски.

Тој потенцира дека фокусот на нивното владеење ќе биде економијата.

-Во програмата за сите има по нешто. Најважно, стоиме зад секоја една реченица, секој збор и веруваме дека во следниот четиригодишен мандат кој ќе го добиеме и ќе го реализираме истото. Сепак очекувам валкана кампања со многу конструкции, лажни обвинувања, но ние ќе се обидеме да бидеме над ситуацијата. Не очекувам тука да застане куферчиња Луи Вутон, функционери политичари кои гледаме како функционираат по принципот мито за мито тоа граѓаните го видоа – рече Мицкоски.

Тој се осврна и на идејата на ДУИ за Албанец-премиер, истакнувајќи дека премиер не се станува во канцеларија.

-Треба да се излезе пред граѓаните и да се добие поддршка така се станува претседател на Влада. Ја прифатија идејата на ВМРО-ДПМНЕ за шпицен кандидат, сега се надевам дека ДУИ ќе понуди и програма што ќе го привлече вниманието на сите граѓани без разлика на етничка припадност, а начинот на кој ја почнаа кампањата е дополнително оптоварување за граѓаните и дополнителна поларизација, а ние тој начин на водење политика го одбиваме. Тоа не е добар концепт, тоа ќе го видат граѓаните – изјави Мицкоски.

Поврзани новости