Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот отчет за тоа што сработиле неговите градоначалници соопшти дека изминатиот период работеле на контакти, разговори и преговори со неколку светски компании кои што произведуваат електрични автобуси, за да може Градот Скопје, на чело со „независната“ Данела Арсовска „да биде лидер по оваа технологија и во градскиот превоз на Балканот“.
„А зошто да не и во Југоисточна Европа а тоа се набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси кои што од прилика годишно го намалуваат загадувањето за 80 илјади тони по парче. Што значи дека исклучително голем број на штетни гасови кои што сега за жал ја дишат скопјани ќе биде елиминирана со имплементирање на овие нови електрични автобуси. И за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители“, вели Мицкоски.
Во завршна фаза се, вели и во подготовка на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите овие потенцијални снабдувачи разговарале и за отворање на фабрика во Скопје за производство на овие електрични автобуси во кое што ќе се вработат минимум 500 луѓе.
– Македонија ќе ја ставиме на мапата на производители на електрични автобуси во Европа, истакна лидерот на опозициската партија.
Блиску биле да го официјализираат сето ова, затоа вели „работиме исклучително посветено на екологијата, работиме на исполнувања на ветувањата кои што беа дел од предизборната програма на „независната“ Арсовска која што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја поддржа.
-Работиме на подобрување на комфорот на скопјани, работиме на подобрување на квалитетот на воздухот на Градот Скопје. Скопје да биде еко и најчист главен град на Балканот, бидејќи претходникот а и оваа власт не само што тоа не ги интересира, туку ни со еден чекор и политика не покажаа дека сакат на скопјани тоа да им го овозможат, додаде Мицкоски.