Мицкоски: Предвремени избори или на почетокот на април или на крајот на мај

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ја опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски изјави денеска дека е оптимист и дека очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот статус на СЈО.

-Јас сакам да бидам оптиписта и верувам дека ќе се вразуми влста и ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Свесен сум дека ќе излезат со коментари, свесен сум дека во овие месеци се случува насилна пресметка со опозицијата, но ние имаме принципиелен став и не се плашиме да се соочиме со фактите од спротивната страна.  Н0 тие преговори, посебно од изготвување на тој закон, изобилуваат со изразено чувство за одмазда, атак и пресметка со неистомислениците – рече Мицкоски.

Тој додаде дека паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик, но одби да каже кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за промената на изборниот модел.

За предвремени избори Мицкоски рече дека ги очекуваат час поскоро и дека понудиле два датуми, или на почетокот на април, почитувајќи ги Велигденските празници, или до крајот на мај, имајќи го во предвид празникот Рамазан.

На прашање од новинари, Мицкоски го осуди последниот коментар на советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, кој напиша на фејсбук дека некои портали шират дезинформации и монтажи.

-Ова е враќање во 49. година, во еден друг политички систем кој е дел од минатиот век. Тоа е карактерна особина на овие политичари, кои се заменици на политичарите од тој политички систем од средината на минатиот век. Обидот за цензура е недозволив, да се слуша само онаа вистина која Заев сака да ја слуша, тоа е пралален свет кој е различен на оној реалниот кој го живеат граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стави сите демократски алатки на располагање да се спротивставиме на овој сталинистички обид на Владата на Заев да се замолчат критичките медиуми на сметка на пологети кои се скапо платени од парите на државниот буџет – рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости