Мицкоски предлага маркетите јавно да ги објават цените на своите производи

by Fokus

Премиерот Христијна Мицкоски рече дека на денешната владина седница ќе предложи една мерка во однос на високите цени на основните прехранбени производи, а тоа е сите големи маркети да ги објават јавно цените на своите производи.

„Сите ланци на овие хипер маркети да имаат јавна веб страна на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои ги имаат во своите маркети. Да можат граѓаните јасно да видат колкави се цените и самите да одлучуваат. Како што имаат некои земји во светот, па да ги следиме ние тие трендови“ рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање кои мерки ќе ги преземе Владата за намалување на цените.

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, рече премиерот.

Поврзани новости