Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предлага бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата.
-За жал, власта не се потруди да го организира и прилагоди соодветно воспитниот и образовниот систем за тој да функционира во услови на #Covid. Сѐ почесто добиваме вест дека цела група во градинка или цело одделение мора да оди во изолација поради позитивен тест на Covid-19. Од таа причина, предлагам бесплатни тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата. Безбедни градинки и училишта за безбедно образование, каде без застој, во континуитет ќе се одвива воспитниот и образовниот процес на децата, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Претходно партијата во соопштение за јавноста предложи да се прават бесплатни тестови еднаш месечно и за сите здравствени работници.