Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш ги повика банките да покажат општествена одговорност и да помогнат со субвенционирање на дел од трошоците за кредитите кои ќе се делат на компаниите од заемот на Унгарија.
Тој во пресрет на утрешната средба со нив, рече дека не е сигурен дали ќе успее да ги убеди да помогнат.
„Утре ќе разговараме, а дали ќе успееме не знам. Знам, сигурно, дека корисниците ќе ги имаат оние услови за кои ние зборувавме, но морам да напоменам дека и во минатото, во овие 3 децении, државата секогаш субвенционирала ваков тип на заеми и оргомна сума на средства по основ на камати завршиле кај банките, или кај заемодавателите. Дали ќе успеам и кои се условите кои утре ќе ги договориме не зависи само од мене. Ние како влада ќе дадеме се и цениме дека во овие услови на предизвици во светот тоа е најмалку нешто што можеме заедно со банките да направиме. Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност. Нормално е кога користите средтсва од граѓаните нешто и да вратите кај граѓаните, тоа не е нешто ненормално. Ако некој ја банализира таа општествена одговорност, јас сметам дека ја погрешил траекторијата“, рече Мицкоски.
Тој очекува утре да се заврши целата работа и од следната недела да почнат подготовките за реализација на заемот. Мицкоски рече дека добивал повици од заинтересирани економски оператори кои сакаат да бидат корисиници на оваа линија за да можат да ги подобрат инвестициксите перформанси на своите компании.
Една банка досега најавила подготвеност да субвенционира дел од трошоците, а кај другите немало такво расположение.