Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил потврди дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули.
– На изборите на 15 јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, напиша Мицковски.
Во статусот на Фејсбук, Мицкоски оценува дека државата се наоѓа во лоша економска и здравствена криза и оти единствениот излез се изборите и како што вели, убедлив пораз на Заев и СДСМ.
– Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна, пишува Мицкоски.
Датумот за избори го соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој рече дека очекува претседателот Стево Пендаровски да прогласи уште една вонредна состојба за усогласување на датумот.