„Сериозна е опасноста од паѓање на системот и од рестрикциите, а она што го произведува сегашно ЕСМ и го продава не е за 37 евр, на тој начин се чува социјален мир во Македонија во овој момент, за да се спаси политичката кариера на Зоран Заев, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во вестите на Сител телевизија.
-Големо ќе биде поскапувањето, не можам да предвидам со бројки, но не би се зачудил да биде двојна. Неодговорно се однесуваа кон енергетскиот сектор, не правеа на време ремонти, тендерите за ископ и уредување на рудниците во РЕК Битола ги користеа за да ангажираат свои фирми, укажа Мицкоски.
Мицкоски рече дека не би го зачудило сметка од 2.000 да стане околу 3 или 4.000 денари.
-Можно е и од први декември веќе да има покачување на сметките за електрична енергија, бидејќи состојбата е доста сериозна. Рудникот во РЕК Битола од ден за ден работи, евентуално час за час се копа јаглен, а пропадна тендерот за јаглен, вели Мицкоски.