760
На вечерашниот Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски им предложил на членовите свикување на вонреден конгрес, но ваквиот предлог бил одбиен.
Како што неофицијално велат од ДПМНЕ, Мицкоски пред членовите на ЦК се осврнал на целокупното раководење со партијата од сите аспекти и била отворена дискусија.
Притоа, тој предложил вонреден конгрес поради барањата на поранешни членови и функционери за промена на раководството поради лошите изборни резултати, но тоа барање било одбиено од највисокото тело меѓу два конгреси – ЦК, кој вечерва ќе избере нов Извршен комитет.