Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска уште пред шест-седум месеци најави дека ќе ме повика, па еве нема абер за такво нешто.
Ова го изјави денеска на прес конференција првиот човек на опозицијата, Христијан Мицкоски.
„Ние во минатото апелиравме „луѓе не го правете ова. Немојте луѓе да го правите ова со предметите, да ги префрлато од СЈО во ЈО“. Го направија тоа со сила. Ако тоа не е режимски однос, тогаш не знам што е. Ако не во Македонија, има судови во Европа кои ќе докажуваат што е законско, што не е. Еве поминаа шест-седум месеци кога Вилма Русковска најави дека ќе ме повика, па еве ниту има абер за тоа. Во оваа држава, криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните не сносат никаква одговорност. Видете денеска каде сме. За каква правдина зборуваме, за какви закони. Еден да изелзеше да речеше: „Јас како министер не успеав“. Уште дрски и безобразни го лажат својот народ. Каков прав пат какви бакрачи, одиме директно во провалија“, истакна Мицкоски.