Мицкоски побара оставка од Филипче: Во здравството владее хаос

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку видео запис, упати критики кон министерот за здравство, Венко Филипче.

Според првиот човек на опозицијата, здравството во Македонија е во хаотична состојба.

„Во здравството владее хаос.

Министерот Венко Филипче исто како и неговиот шеф Зоран Заев, бесрамно ја лаже јавноста, не ги исполнува ветувањата, не може да се справи со состојбите, ги загрозува пациентите, не се грижи за медицинскиот кадар, им наштетува на граѓаните.

Здравствениот систем е уништен, а довербата е изгубена.
Потребна е одговорност.

Оставка за министерот веднаш.

Потребни се и промени, потребни се предвремени парламентарни избори“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Поврзани новости