Мицкоски по средбата со коалицијата: Многу е важно да има голема излезност на изборите

by Frosina Fakova

Добив едногласна поддршка за изборите на 15-ти јули каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ ќе оствари убедлива победа над актуелната власт, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со колацијата.

-Така што ги охрабрувам сите и да гласаат гарантирајќи го нивното здравје на денот на избори или деновите пред да се случи 15-ти јули. Што се однесува до останатите граѓани тие ќе можат во безбедни услови да излезат да гласаат на 15-ти јули. Многу е важно да има голема излезеност, и што повеќе граѓани да се охрабрат да гласаат. Затоа што од нивниот глас зависи судбината на државата и таа е во нивни раце, рече Мицкоски.

Тој рече дека партијата ќе коалицира со партии кои ќе ја прифатат програмата на коалицијата „За обнова за Македонија“, а не со политички субјекти кои ќе настапуваат со ултиматуми.

-Сите партии кои ценат дена нивните програми се блиски со програмата на ВМРО-ДПМНЕ се добредојдени за преговори за коалиција, но не и оние што поставуваат ултиматуми и даваат изјави како од минатиот век. Пограмата која ќе биде програма на победничката коалиција, ќе биде основа за било какви преговори, рече Мицкоски.

Поврзани новости