Мицкоски по анкетата на Телма: Нарачуваат анкети на сдсмовските медиуми на кои водат

by fokus

Нарачуваат анкети на сдсмовските медиуми, на кои водат. Притискаат, уценуваат, се закануваат, но не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 април, кога најголемата коалиција во Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета- дојде време за политичка пензија. Ова на вечерашниот митинг во Крушево го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ., Христијан Мицкоски откако денеска беше објавена анкета на телевизија Телма во која Пендаровски води.

-Голема неправда е во Македонија поради неисполнетите ветувања, нереализирани очекувања, лагите, криминалот. Основен генератор е тој кој ветуваше дека ќе донесат правда и мир и живот во Република Македонија. На оваа генерација ѝ падна честа да ја крева повторно од пепелта Македонија, од пепелта во која ќе ја наследиме од Зоран Заев. Затоа треба да се бориме, за да победиме, за да можеме да ја креваме Македонија од пепел. Затоа штос е плашам дека ќе немаме втора шанса, затоа што, можеби, ако оваа шанса не ја искористиме, ќе немаме следна можност. Јасно е дека во Крушево ќе победи Македонија, рече Мицкоски.

Поврзани новости