Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски тврди дека неговата партија ја води раководството на партијата, заедно со членовите и активистите.
-Лажната кампања на СДСМ дека партијата е раководена од Будимпешта се распрсна како меур од сапуница и нивната петарда пукна во нивна рака, изјави тој.
Мицкоски рече дека од СДСМ ќе измислат уште нешто и дека вистинските патриоти во СДСМ треба да дојдат на вистинските места, што како што вели, може да се случи штом партијата се врати во опозиција.
За војната и препукувањата со поранешниот премиер и негов претходник, Никола Груевски, Мицкоски рече:
-Сакам Македонија да оди напред, а да не биде заглавена во тајните средби меѓу Ахмети, Груевски и Ковачевски. Гориме од желба за парламентарни избори за да покажеме колкава е единството во ВМРО-ДПМНЕ. Ако доскоро бев во дилема дали сме блиску до 61 пратеник, сега сум убеден дека тоа е возможна цел.