Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека не добил покана за да присуствува на обраќањето на претседателот Стево Пендаровски во Собранието пред пратениците.
Тој оценува дека претседателот во изминатиот период се однесува како „аналитичар“.
-Не сака да преземе конкретни чекори. Често пати го гледате во јавност како ќе се залета, па кога ќе добие по чело, ретерира два-три чекори наназад. Нему не му е важно дали ќе биде допадлив за народот, туку дали ќе биде допадлив за владата на СДСМ и ДУИ, од која што очекува поддршка за следен мандат.
Државата тоне во инфлација и во криминал и корупција, дојави за бомби секој час, а тој се иззема од одговорноста, иако има цела Агенција за разузнавање под негова ингеренција. Не сум слушнал ништо дали прават нешто за да ја обезбедат безбедноста на граѓаните – рече Мицкоски.