Мицкоски: Пендаровски е вториот Заев

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Куманово каде се сретна со граѓаните .

-Бев во Куманово, градот во кој силно се чувствува матрицата на Заевизмот, силно угушен и потонат во проблеми за кои власта не нуди решенија. Во земјава не владее правната држава, се гази достоинството на луѓето. Заев наместо да се срами поради најнеспособната влада и неисполнувањето на основната улога поради кои ја водат државата, тој ја понуди својата копија Пендаровски, кој е вториот Заев. Ако Заев тргуваше со промена на име, идентитет, можеме само да замислиме на што се е спремен Пендаровски. И треба да се има во предвид дека поддршката за Пендаровски е поддршка за сменето име и идентитет, поддршка за принципот на работа евро за вицето евро за црквата, за поткуп по канцеларии и на криминални тендери. Македонија треба да престане да губи, изборите се таа шанса. Доаѓа крајот на ваквата купи ден политика ќе биде поразена, рече Мицкоски.

Поврзани новости