Мицкоски: Пендаровски беше избран во мафијашки стил, а Силјановска на демократски начин

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на митинг во Сопиште се обрати пред граѓани, истакнувајќи дека гласот за Стево Пендаровски кандидатот за претседател од СДСМ, е всушност глас даден за Зоран Заев.

-Стево Пендаровски вели дека не ни требала мајка ни требал татко на нацијата. Најмалку што ни треба во овој момент е ваков татко кој што е 102,5 проценти идентичен нели и самиот велеше дека е 102,5 проценти идентичен со најголемиот лажго во поновата историја на Република Македонија. Ние го нарековме принцот на политичките лаги Зоран Заев, а овој самиот рече дека бил 102,5 проценти идентичен како Зоран Заев. Најмалку што во овој момент на Македонија и треба еден таков човек, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Пендаровски е избран на мафијашки начин во скап и луксузен хотел, додека Силјановска Давкова е избрана на демократски начин на Конвенција во Струга со огромно мнозинство од страна на делегатите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зошто он вели дека е 102, 5 проценти е ист како Зоран Заев, затоа што на деспотски начин во мафијашки стил во еден скап и луксузен скопски хотел беше назначен од страна на Зоран Заев. За разлика од него ВМРО-ДПМНЕ имаше внатрепартиска дебата деветмина кандидати се пријавија, делегатите на Конвенцијата во Струга во огромно мнозинство својот глас го дадоа за идниот претседател а тоа е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и тоа претставува пример на една внатрепартиска демократска дебата, кажа Мицкоски.

 

Поврзани новости