112
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска патува за САД, каде ќе учествува на НАТО Самитот во Вашингтон, на кој Алијансата одбележува 75 години од формирањето.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во видео објавено на својот Фејсбук профил, порача дека настанот е одлична прилика да се демонстрира единството на сите сојузници и заемни заложби за понатамошно унапредување на трансатлантската соработка.