Мицкоски пак е на погрешна страна на историјата, реагира СДСМ

by Фокус

Христијан Мицкоски прво лажеше за наводна бугаризација и асимилација, потоа лажеше за кодификацијата, а сега самиот себеси не се разбирал за македонскиот јазик, реагира СДСМ.

„Мицкоски се прави дека не го разбира она што секому му е јасно – македонскиот јазик влегува во ЕУ со чиста формулација, без никакви дополнителни фусноти и објаснувања. Шокантно е тоа што Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев се обидоа по секоја цена да ја дестабилизираат државата и да ја одвратат од европскиот курс, да ја втурнат во поделби и неизвесност“, велат од СДСМ.

Владејачката партија смета дека на Мицкоски му останале само „фрустрациите и нервозите кои ги преточува во очајнички закани“.

„Може Мицкоски да лаже и да се заканува, ништо не го менува фактот дека тој постојано е на погрешната страна на историјата, на спротивната страна од националните и државните интереси“, порачаа од партијата на Димитар Ковачевски.

Поврзани новости