Мицкоски: Ова ВМРО е поискусно и свесно за своите минати недостатоци

by Фокус

Ќе понудиме решенија, ќе понудиме нестрашлива енергија и план кој ќе мора да ја избави нашата земја од кризата во која сме втурнати и која е клекната на колена, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, каде опозициската партија ја оддржува конвенцијата за избор на претседателски кандидат.

-Имаме многу работа пред нас. Власта е во паника. Нема резултати и секојдневно или лажат или смислуваат вештачки теми за одвлекување на вниманието. Веќе договорот со Грција не е главна тема, народот веќе не потклекнува и на оние обиди за заплашувања или рушења на духот, затоа што се повеќе луѓе не се плашат. Не се плашат и пркосат – рече тој.

Мицкоски потенцира дека денес 500.000 сограѓани живеат во сиромаштија, а корупцијата во Македонија е полоша и поголема од онаа во Руанда и Свазилен.

-За само една година Владата со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра. Сега не дебатираме за зголемување на пензии, туку дискусијата е зошто ги намалуваат. Ги зголемија даноците, ги отповарија земјоделците, оние со авторски договори. Инвестиции нема, а како и да има кога нема човек во јавноста кој ги знае имињата на министрите кои земаат плата за да привлекуваат инвестиции –  посочи тој.

Лидерот на ДПМНЕ истакна дека актуелното ВМРО е поискусно од она од 2011 и во 2016 година и, како што вели, е свесно за сите свои минати недостатоци.

Поврзани новости