Мицкоски: Ова е триумф на хероите на Македонија!

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција објави победа на неговата партија на локалните избори.

-Огромна победа на народот на Македонија. Победа на христијаните, муслиманите, атеистите. Ова е победа на гласот на обесправените, на тивкото мнозинство граѓани. Победи народот. И покрај сите нерегуларности, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска беа против нас, ама народот беше со нас. Новата иднина ги победува поделбите. Ова е триумф на хероите на Македонија. Денес трешти гласот на промените. Дали ова е финалната победа? Не, ова е првиот чекор. Вечерва ќе се радуваме, но нема да славиме, утре на работа, рече Мицкоски.

Поврзани новости