799
Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април! Кога законите и правилата не важат за власта, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако двајца заразени пратеници од владејачкото мнозинство дојдоа во Собрание за да обезбедат кворум за една од седниците.
-Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има. Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!, напиша Мицкоски.