Претседтелот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е отворен патот за брзи предвремени избор, како одговор на изјавата на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ дека е отворен патот за уставни измени.
„Има отворен пат за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен. На тој начин ќе ги спасиме граѓаните од дополнителни срамови, предавства кој што Бојан Маричиќ и останатите како него ги носат“, изјави Мицкоски од Штип.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа и кажа дека таквата одлука е донесена едногласно на Извршниот комитет на партијата.
„Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата“, рече Мицкоски.
Тој рече дека ги разбира луѓето од власата што се противат на предвремени избори, бидејќи тоа е уште еден ден повеќе на власт.
„Јас го разбирам и Маричиќ и Ковачевски и Зечевиќ, апсолутно можам да ги разберам. Тие луѓе немаат легитимитет од народот, не се бирани од народот и за нив секој ден значи тендер повеќе, привилегија повеќе. Секој ден плус таму каде што се, не значи додадена вредност за граѓаните и за Македонија, туку значи додадена вредност лично за нив, богатење, злоупотреба и уживање во привилегиите“, рече Мицкоски.