Мицкоски отфрли можност за коалиција со Филипче во Струга и Кичево

by Фокус

Премиерот Христијан Мицкоски ја отфрла можноста за предизборно коалицирање во одредени општини со СДСМ. По изјавата на опозицискиот лидер Венко Филипче дека е отворен за сите коалициски комбинаторики што ќе донесат бенефит за граѓаните, Мицкоски вели дека Филипче е веќе во коалиција, но со други партии.

– Добив информација дека тој е еден од ретките политичари којшто на отворена сцена покажува разбирање за политиките на ДУИ, нешто за кое што ние континуирано зборуваме дека коалицијата СДСМ, Левица и ДУИ перфектно функционира.

Инаку, јас очекувам општествена поддршка за кандидатите на владината коалиција во која е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата Вреди и партијата ЗНАМ зашто убеден сум дека политиките кои ги води оваа коалиција се од интерес на народот и затоа кога велам дека очекувам општествена поддршка тоа навистина и го мислам – рече Мицкоски.

Тој очекува општествена поддршка за кандидатите за градоначалници од владејачката коалиција. Прашан за можните кандидати за градоначалници за градот Скопје, Златко Перински и Орце Ѓеоргиевски, рече дека, лично не му кажале дали се заинтересирани за функцијата, но ќе ги вклучи во внатрепартиските анкети поради интересот на јавноста.

Поврзани новости