708
Оставка на Спасовски не е доволна, потребна е оставка на целата влада и формирање на техничка, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.
„Сите оние пратеници во парламентот, без разлика дали се од политичките партии од опозицијата и од власта, дали се од СДСМ или партиите во коалиција со СДСМ, да не бидат соучесници со мафијата, да се охрабрат и да кажат – доста е, време е за нова влада, време е за техничка влада“, рече Мицкоски.