Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Кичево, од каде ја искоментира денешната оставка на пратеникот Павле Богоевски. Според него, оставката е само обид да избегне кривична одговорност.
-Незадоволството против оваа неспособна влада која остава зад себе пепел и неуспеси секојдневно расте. Оваа влада не ја спасува ниту сеењето на магла со онаа метла која ја најавуваат. Таа операција е за справување со неподобните во нивните редови, и фрлање на прав во очи за задскривање на вистинските неуспеси и криминал на оваа влада. Носителот на овие измами е еден човек и тој се вика Заев Зоран. Денешното назадување, уништување во економијата, здравството, земјоделието, образованието е негово дело. И метлата има смисла само доколку си замине тој кој што го донесе сето ова, а тој денес е на чело на најнеспособната влада во историјата на Македонија. Најавата за оставка на пратеникот денес е само магла во јавноста за да се избегне неговата кривична одговорност која е очигледна. Наводната метла за жал започнува од оние претседатели на општински организации од кои не слушнавме како се садат полиња на марихуана и се прави бизнис од тоа, како се делат парцели за градење на згради по багателни цени, како се уништува здравството, прават криминални иновации. Сето ова доаѓа од Заев кој прв треба да си замине, вели Мицкоски.