Јас сум човек кој не ги менува ставовите и немам намера да го сменат ставот да бидам таканаречен шпицен-кандидат или само кандидат за мандатар на претстојните избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Сепак, за составот и структурата на пратеничките листи и за структурата и составот на листите, како што рече тој, треба да се почека до вторник, кога ќе заседава партискиот Централен комитет.
-Ако сте се определиле за кандидат за мандатар, би бил чесно и честито за тоа да се кандидирате. Ако бидете потенцијален кандидат за неколку функции, тоа е затскривање позади поразот. Ако се стремите кон една цел, развивате план и стратегија за таа цел, но ако имате резервен план доколу не стигнете до таа цел, тогаш не сте искрен – рече Мицкоски, додавајќи дека кандидатите за мандатар, според него, не треба да го користат пратеничкиот мандат за затскривање.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори предложи натпартиски кандидат за претседател (Гордана Силјановска-Давкова), па, како што рече, ваквата практика со номинирање на непартиски луѓе ќе биде пресликата и на пратеничките листи.