651
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ 24 се согласи дека кривата на нови случаи на корона вирус е во опаѓање, но додаде дека тоа е и поради намалениот број на тестирања.
-Точно е дека онаа крива на нови случаи има благо опаѓање, но тоа е и поради намалениот број на тестови. Сега се тестираат помалку од 200. По основите три параметри: бројот на починати, инфицирани и број на тестови на 1.000.000 жители, ако се тестираат десетина земји од регионот, ќе видите дека сме на втората половина од табелата.