Мицкоски: Она што му се случува на Миле Јанакиески е целосна неправда!

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање денеска во Карбинци во однос на тоа што Миле Јанакиески започна со ефективен притвор истакна дека за да правдата се испорача, треба на седница на влада да дојдат МВР и сите комплетно да ги однесат во Идризово.

Тој даде поддршка до семејството на Миле Јанакиески и порача дека уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност за сите оние кои што нанесоа неправда.

„За да правдата се испорача треба на седница на влада да дојдат МВР и луѓето кои што треба да ја спроведуваат правдата и комплетно сите од првиот до последниот да ги соберат и да ги однесат во Идризово. За да видиме навистина правда. Она што му се случува на Миле Јанакиески е се, само не е правда односно целосна неправда, кога и треба на криминалната влада на ДУИ и СДСМ некаков дефокус кога треба да се заврти вниманието на јавноста наместо да ги коментира нивните криминал и корупција, тие тога посегнуваат по Миле и повторно се случува нешто поврзано со Миле како што е ова што сега тие го направија. Апсолутно целосно поддршка моја лична до семејството, јас знам дека Миле е храбар човек, и ќе издржи, о покрај оваа тортура на семејството што му се случува, но овие луѓе кои што ова му го прават на Миле на семејството на Миле, но и на сите оние семејства кои што денеска се жртви на оваа криминална влада на ДУИ и СДСМ, тука се и луѓето кои што се дел од 27 април, и многумина други сега да не ги споменувам, ќе треба одговараат сите оние кои што ја донесоа оваа неправда кон овие луѓе уште во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ“ – нагласи Мицкоски.

 

Поврзани новости