Охрабрени сме што има пратеници од Коалицијата во Владата на ДУИ поддржана од СДСМ, кои праќаат јасни сигнали дека сакаат што побрзо да се стави крај на ова криминално и коруптивно владеење на оваа коалиција и дека се подготвени во Парламентот да поддржат распуштање и организирање предвремени парламентарни избори, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање по извршениот увид во новата градинка во Општина Ѓорче Петров.
Според Мицкоски, конечно можат да зборуваат за 61 пратеник, доколку, како што кажа, немаат некаков притисок во меѓувреме.
– Јас сум охрабрен од сигналите на тие луѓе кои сакаат да видат како Македонија оди напред. За жал во своите редови тоа не го гледаат. Јас ве молам да ме разберете не можам да зборувам за повеќе детали, имајќи го предвид фактот дека имаме комплетно „дуизирано“ судство и обвинителство кои заедно со органите на прогон ќе вршат притисок врз тие луѓе, рече Мицкоски.