Мицкоски: Одлуката на Уставниот суд ми изгледа како подготовка на терен за идна аболиција на Заевци

by Фокус

Самата тема стимулирана од провладините структури ми изгледа за предизборна стапица каде нужно ќе се навраќаме на старите теми, со цел да се заборави она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како кеш, вирус, рекет 1 и 2, набавка на хелкоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд да ја оценува одлуката на екс претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата на педесетина луѓе.

„Кога станува збор за аболицијата како принцип, и особено што на чело на Владата имаме некој кој веќе поминал низ тој процес и е аболиран, ќе кажам дека сум човек кој не верува и не поддржува аболиција, особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци. Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Поврзани новости